Кривична за две лица поради користење на туѓа дебитна картичка, извадиле 1.000 евра

Макфакс

14/02/2025

16:07

860

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Кочани поради оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и против Г.К.(35) од Кочани поради поттикнување.

Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во декември 2024, откако обезбедила дебитната картичка од едно лице, во два наврати неовластено реализирала две трансакции од вкупно 60.000 денари.