Моќна билка која ја подобрува меморијата и расположението

Точка

14/02/2025

11:33

17.937

Големина на фонт

а а а

Обично го додаваме како зачин во разни јадења или евентуално како додаток во чај, но рузмаринот е многу моќно растение кое на многу начини може да помогне во подобрување на физичкото и менталното здравје.

Бројни студии покажаа дека рузмаринот не е само зачин, туку и суперхрана која има бројни лековити својства, пишува „Mind Body Green“.

Низ историјата, луѓето користеле рузмарин за зајакнување на меморијата. Дури и познатиот Шекспир пишувал за него во Хамлет.

Дури и денес, се смета дека рузмаринот помага во подобрување на меморијата, но некои истражувања покажуваат дека има позитивен ефект врз подобрување на расположението и намалување на стресот.


Во студија од 2018 година, на глувци во лабораторија изложени под хроничен стрес им бил даден екстракт од рузмарин и откриено е дека има антидепресивно дејство.

Научниците веруваат дека причината лежи во фактот дека растението има антиинфламаторни својства и помага во ублажување на воспалителните процеси во регионот на мозокот наречен хипокампус, но и во цревата. Иако сè уште уште постојат истражувања кои се обидуваат да го поврзат здравјето на цревата со здравјето на мозокот, се чини дека доброто расположение, оптимизмот и остриот ум имаат врска со здравиот микробиом.

Рузмаринот содржи соединение кое се врзува за канабиноидните рецептори. Иако сè уште не знаеме како и зошто, се чини дека ова врзување за рецепторите го намалува влијанието на реакцијата на организмот при стрес.


Иако досегашните студии на тема рузмарин и крвен шеќер се лабораториски и анимални, постојат сериозни индикации дека чајот од рузмарин делува на намалување на шеќерот. Дејството се должи на неговите т.н. компоненти со инсулински ефект (пред сé споменатите антиоксидативни соединенија рузмарична и карносична киселина) што значи дека рузмаринот помага за полесна апсорпција на глукозата во мускулното ткиво.

Други истражувања сугерираат дека вдишувањето на есенцијалните масла на рузмаринот и сличните билки можат позитивно да делуваат на мозочната функција кај повозрасните лица, особено на оние што патат од Алцхајмер.


Слични ефекти има и пиењето на чај од рузмарин.