[ВИДЕО] Грк го посетил најопасниот регион во светот: „Една грешка може да ве чини живот“

Точка

13/02/2025

20:31

4.926

Големина на фонт

а а а

Грчкиот јутјубер и блогер за патувања Тими Картер го документирал своето патување низ Дариен Гeп, географски регион кој ги поврзува американските континенти, кој се протега низ јужно панамска провинција Дариен и северниот дел на колумбискиот департман Чоко. Многумина го нарекуваат овој регион најопасен во светот, а често се нарекува и „смртоносен терен“.

Тими по посетата на овој регион раскажа: „Требаше да трае само три дена, но беа потребни шест. Го исчашив глуждот. Една грешка овде може да те чини живот. Ако некој се повреди, не може ништо да направи, никој не може да му помогне. Тука нема закони, илегално бевме среде џунгла. Никој нема да ви помогне“.

Во видеото кое го објави на својот Јутјуб канал, тој исто така раскажа дека наишол на шест мртви тела на патот, што беше застрашувачки потсетник за опасностите кои одземаат толку многу животи во оваа област.

Зошто Дариен Геп е најопасното место во светот?

Дариен Геп е озлогласен и опасен регион кој се наоѓа на границата меѓу Панама и Колумбија. Оваа непристапна зона е покриена со густи тропски шуми, реки и мочуришта и е позната по тоа што претставува единствен прекин на Панамериканскиот автопат, кој ги поврзува Северна и Јужна Америка. Нема патишта ниту населби.


Покрај густите шуми, Дариен има и стрмни ридови и планински терен, што придонесува за неговата дива и непристапна природа. Густите шуми се дом на бројни диви животни, како јагуари, змии и отровни жаби. Покрај тоа, регионот е познат и по присуството на организирани криминални групи и шверцери, што го прави исклучително ризичен за патниците.


Оваа област има и важна еколошка и културна вредност. Жителите на Дариен Геп главно се членови на домородните племиња, како што се Ембер и Вунан, кои успеале да го зачуваат својот традиционален начин на живот. Нивните заедници зависат од природните ресурси, а многумина се занимаваат со риболов, лов и занаетчиство.



И покрај опасностите, Дариен Геп останува фасцинантен регион за истражувачи и авантуристи. Неговата недопрена природа, дива убавина и значење во глобалната географија го прават единствен дел од светот, иако малку луѓе го посетуваат поради многубројните предизвици и опасности.

Како да се премине Дариен Геп?

Најризичниот начин на премин е пеш, кој може да потрае од 7 до 10 дена.

Некои патници се обидуваат да ја избегнат џунглата патувајќи со чамец по брегот на Пацификот или Карибите. Можеби ова е полесен начин, но сепак е небезбеден поради силните струи и пиратите. Најбезбедниот начин да се заобиколи Дариен Геп е со авион или брод.