Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж

Дерби

13/02/2025

14:26

2.679

Големина на фонт

а а а

Мерсисајд дербито на „Гудисон парк“ за последен пат се одигра на овој стадион, а судбината посака натпреварот да се претвори во вистински хаос по последниот судиски свиреж, сето тоа предизвикано од провокативната прослава на Дукуре.

Играчот за врска на Евертон тргна да ги провоцира навивачите на Ливерпул откако Евертон претходно израмни на 2:2 во 98-та минута, па сето тоа резултираше со физичка пресметка со Куртис Џонс, но и со покажани црвени картони од Мајкл Оливер.

Главниот арбитар ја загуби контролата на мечот во самата завршница и беше еден од причинителите на лудиот финиш, а Вирџил Ван Дајк како капитен на Ливерпул директно му го кажал тоа по крајот на средбата.

– Евертон секогаш игра исто против нас, секогаш се директни и агресивни на првите, но и на вторите топки. Знаеме дека овој натпревар за нив е како Куп финале, прават се што е во нивна моќ да го направат мечот тежок за нас. Исто беше и минатата година, а сега ни дадоа гол на крајот.

– Видовте како се радуваа на крајот, но мора да се признае дека имаат право на тоа. Сепак, Дукуре ги премина границите, тргна да ги провоцира нашите навивачи. Тоа не му се допадна на Куртис Џонс и видовте што се случи. Сите знаеме дека ова може да се случи после мешаница, но натпреварот излезе од контрола и поради судијата. Му кажав на Оливер дека натпреварот му избега од контрола, па двата тима на крајот моравме да се помириме со освоен бод, – изјави Ван Дајк.