Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот

Дерби

13/02/2025

13:59

2.074

Големина на фонт

а а а

Милан не мина добро на уште едно гостување во Лигата на шампионите, па сега за да остане во најелитното натпреварување, италијанскиот тим ќе мора да брка пресврт на реваншот проти Феенорд.

Тимот од Ротердам профитираше од раниот гол и успеа да победи со минимални 1:0 на „Де Кујп“, стадион кој уште еднаш оваа сезона се покажа како кобен за еден голем европски великан.

По Баерн Минхен, во домот на Феенорд падна и Милан, а покрај разочарувањето кое му го донесе самиот меч, Сержо Консеисао бил дополнително изнервиран од прес-службата на домаќините, која направила Португалецот да чека пред прес-центарот цели 15 минути (додека да заврши обраќањето на Гијс Смал од Феенорд).

– Знаевме дека атмосферата ќе биде жешка и дека ќе бидат агресивни. Бевме подготвени за тоа, знаевме што не чека, а натпреварите стануваат уште потешки кога не добивате дуели на теренот.

– Започнавме добро со шаната на Рајндерс, а потоа веднаш примивне гол. Немавме среќа на овој меч, требаше да направиме повеќе, бидејќи имавме шанси барем да извлечеме реми. Со ова го сумирам натпреварот од оваа вечер. Бидејќи чекав 15 минути пред прес-центарот, доволно се 30 секунди за обраќање, – изјавил лутиот Консеисао, пред да стане и да ја напушти салата.