Лајла Роуз се нарекува себеси „футфлуенсерка“ и тврди дека тоа е профитабилна работа која ѝ овозможила да го напушти здодевното работно место. На социјалните мрежи Лајла објави видеоснимка од нејзините стапала, притоа тврдејќи дека промената на нејзината кариера била најдобрата одлука која некогаш ја донела.
Таа потоа покажа видеоснимка на која се појавува во разни чевли со високи потпетици, а потоа гази различни намирници.
Лајла откри дека луѓето се подготвени да платат стотици евра за нејзините видеа, а исто така сподели и уплати на нејзината сметка кои достигнуваат и до 420 евра. Според листата на уплати која ја покажа, Лајла за само еден ден заработила 2.600 евра.
Стапнува на храна како грав и желе
Оваа девојка се специјализирала за креирање различни содржини, од покажување на боси стапала до газење на храна како грав или желе. Таа дури откри дека благодарение на приходите од фотографиите и видеата од нејзините стапала, успеала да ја напушти работата, бидејќи заработувала доволно пари.
Сега Лајла призна дека заработува толку многу што може да си дозволи пет луксузни одмори годишно. „Никогаш не си помислив дека толку лесно ќе можам да си ја дозволам Ибица оваа година!“ рече таа додека го планираше своето следно луксузно патување.
Стотици илјади лајкови
Роуз веќе се пофали со други раскошни патувања на кои заминала благодарение на оваа работа, вклучувајќи луксузен одмор во Тајланд, посета на Африка и Санторини. Овој профитабилен бизнис се чини дека ѝ е омилен и на британската поп-пејачка Лили Ален, која призна дека заработува повеќе од „OnlyFans“ отколку од музиката.
Видеоснимките на Лајла станаа вирални на нејзиниот ТикТок профил (@xxolaylarosex), каде што собра повеќе од 339.000 лајкови. Луѓето брзо ги споделуваа своите мислења, а многумина сакаа да дознаат како можат и тие да станат футфлуенсери.
„Каде можам да најдам клиенти?“
Еден корисник напиша: „Научи ме, лол! Уморен сум од работата во дневни и ноќни смени“. Друг коментираше: „Исто, уморен сум да работам без резултати на крајот од месецот“. „Каде можам да најдам клиенти? – праша трет.
Друга футфлуенсерка откри трик за заработување многу пари на интернет. Тиктокерката „@lillysfeet3“ заработува стотици евра од љубителите на стапалата едноставно со купување, носење и продавање чевли и чорапи.