Како до високо ниво на колаген во организмот. Кои намирници се богати со колаген. Корисни совети од нутриционистите!

Точка

11/02/2025

11:15

1.055

Големина на фонт

а а а

Колагенот е најважниот протеин потребен за здравје и долговечност. Нашето тело произведува колаген, но штом навршиме 20 години, производството се забавува, а по 40-тите години од животот имаме 50 отсто помалку колаген од количината што сме ја имале кога сме имале 20 години. Ова е една од причините зошто нашата кожа повеќе не изгледа младешки, зошто нѐ болат зглобовите, а косата ни станува потенка.

Стресот, храната со шеќери влијаат дополнително за губење на колагенот. Неопходно е внесување колаген преку суплементи!

Колагенот е основата за здрави коски, зглобови и видливо помазна и затегната кожа! Нашиот избор е на Peptan® Collagen Peptides, со кој добиваме: поддршка за хидратација и еластичност на кожата, здравје на зглобовите и коските и природна убавина одвнатре.

Треба да знаеме дека и кога сме настинати или болни или под голем физички и емоционален стрес, нашето тело не произведува доволно амино киселини кои го сочинуваат колагенот. Тогаш на телото му е потребна дополнителна помош од надворешни извори, главно од суплементи.


Во телото има околу 40 различни типови на колаген, а колагенот тип 1 е најзастапениот и најважниот дел од нашата кожа, коски и мускули. Додатоците во исхраната кои содржат колаген ја зајакнуваат кожата и на тој начин го спречуваат создавањето на брчки, целулит и стрии. Секојдневната употреба на колаген ќе ја хидрира кожата и ќе ја зголеми нејзината еластичност, и ќе ја намали штетата предизвикана од изложување на сонце. За жените над 50 години, зголемувањето на производството на колаген е исклучително важно. За време на менопаузата, губењето на коскената маса се забрзува, и до 20 проценти, па затоа е важно жените да се грижат не само за убавата кожа, туку и за здравјето на коските, вели нутриционистот Сашко Дрвошански.

Покрај суплементите, може да помогне и изборот на храна богата со витамини и минерали. Ова се трите намирници препорачани од нутриционистите:

Сардини

Кожата и коските на лососот и туната се најбогатите извори на колаген, но бидејќи тие навистина не се јадат, следниот најдобар избор е сардината. Го јадеме целосно, и токму на тој начин го зголемуваме внесот на колаген во нашето тело. Сардините се полни со калциум, витамин Д и омега 3 масни киселини, а сето тоа ќе влијае и на здравјето на коските.

Наут

Наутот е одличен извор на состојки кои го стимулираат производството на колаген.

Колаген од растително потекло не постои, бидејќи доаѓа од производи од животинско потекло, но можете да го стимулирате неговото производство со консумирање одредена храна. Наутот е одличен извор на две состојки кои го поттикнуваат производството на колаген: цинк и пролин. Пролинот ќе ја поддржи стабилноста на колагенот, додека цинкот ќе ја забави неговата деградација.


Јачмен

Содржи минерал кој ќе ги активира ензимите вклучени во производството на колаген, за кои е докажано дека помагаат да се врати еластичноста на кожата и да се намали видливоста на брчките. Јачменот е храна богата со растворливи влакна кои ќе помогнат во контролата на шеќерот и холестеролот во крвта.

Суплементите кои содржат колаген создаваат ситост и ја намалуваат желбата за слатка храна

Не помалку важно е да знаеме дека суплементите кои содржат колаген можат да играат важна улога во одржувањето на телесната тежина, па дури и во губењето на килограмите. Колагенот во прав ќе го намали апетитот за дури 40 отсто повеќе од протеинскиот прав. Исто така, ќе ја угаси желбата за слатка храна. На пазаров има и колаген со неодолива чоколадна арома и моќен витамин Ц, што може да биде добра алтернатива, за љубителите на слаткото.

Добрите колагенски производи даваат резултат. Но, за да се почувствуваат реални ефекти, потребно е користење подолг период, позитивни ефекти не се случуваат преку ноќ. Како што и не можете преку ноќ да ослабнеме или за неколку дена да имаме кондиција како маратонец. Како и за многу други работи така и за колагенот потребно е подолго време на употреба и придружни здрави животни навики.

Во продавниците на Натура Терапи можете да најдете високо квалитетен колаген од реномиран француски производител, кој е без вкус и со максимална флексибилност и ефикасност. Можете да го додадете во појадокот со овесна каша, во омилениот утрински кафе напиток, или пак во супа или било кое јадење по слободен избор, и за само неколку недели да почувствувате целосна трансформација на вашето тело!

Комрцијален текст