"Euklid", истражувач на темната вселена, направи неверојатно откритие во „нашиот космички двор“, објави Европската вселенска агенција (ESA).
На 1 јули 2023 година, "Euklid" ја започна својата шестгодишна мисија за истражување на темната енергија и темната материја. Пред леталото да започне со своето тестирање, тим од научници и инженери на Земјата мораше да проверат дали работи правилно. За време на оваа рана фаза, во септември 2023 година, "Euklid" испрати дома неколку слики од Земјата. Тие беа намерно надвор од фокусот, но во една од нив, научникот Бруно Алтиери виде навестување на многу посебен феномен и реши да погледне одблизу.
„Ги гледам податоците на "Euklid" како влегуваат. Уште по првиот поглед можев да го видам, но по дополнителни набљудувања на областа, јасно видовме совршен Ајнштајнов престен. За мене ова беше извонредно“, изјави Бруно.
Прстенот на Ајнштајн, исклучително редок феномен, се "криел" на отворено, во галаксијата "NGC 6505", оддалечена околу 590 милиони светлосни години од Земјата. Ова е прв пат да биде откриен светлосен прстен околу неговиот центар, благодарение на високата резолуција на инструментите на "Euklid".
Прстенот околу галаксијата во преден план е составен од светлина од далечна галаксија. Оваа позадинска галаксија е оддалечена 4,42 милијарди светлосни години и нејзината светлина е искривена од гравитацијата на патот кон нас. Оваа галаксија досега не е забележана и сè уште нема име.