Кинескиот стартап "AgiBot" го претстави својот најнов производ – хуманоидниот робот "Lingxi X2".
Овој робот комбинира напредна вештачка интелигенција со врвна роботика, овозможувајќи му да оди, трча, се врти, танцува, па дури и да вози велосипед или скутер.
"Lingxi X2", висок 1,3 метри и тежок 33,8 килограми, се одликува со флексибилен дизајн и интегрирани клучни компоненти, што му дава извонредна агилност.
Според компанијата, роботот поседува „супериорна интелигенција за движење, интеракција и извршување задачи“, поставувајќи нови стандарди во роботската мобилност и мултифункционалност.
Благодарение на "AI" моделот "Genie Operator-1" (GO-1), "Lingxi X2" може да анализира фотографии и видео-снимки, што му овозможува подобри перформанси во реалниот свет и подобра интерпретација на човечките активности.
Роботот е опремен и со можност за анализа на изрази на лицето и гласот, што му овозможува прецизно идентификување на емоционалната состојба на соговорникот и соодветно реагирање.
Покрај тоа, неговите креатори велат дека, благодарение на својот дизајн, "Lingxi X2" може да симулира човечки обрасци на дишење, тивко да ја набљудува околината и да изведува суптилни движења на телото.