"Toyota Gazoo Racing" можеби се подготвува да ја прошири својата линија за спортски автомобили, но не секој модел со ознаката "GR" мора да биде фокусиран исклучиво на перформансите и управувањето.
Одделот "GR Parts", познат по додавањето спортски елементи на помалку возбудливите модели, неодамна се позанимава со комбето "HiAce".
Иако сегашната генерација на овој модел (H200) се произведува речиси непроменета од неговото деби во 2004 година, ова комбе сè уште е достапно во Јапонија за моделската 2025 година.
Единствената значајна нова карактеристика е воведувањето на високо опремената верзија "Super GL Dark Prime S", но она што навистина го привлече вниманието беа опционалните стилски додатоци од палетата "GR Parts".
"GR Parts" верзии I и II – "SUV" или спортска елеганција
Според "Toyota", "GR Parts Version I" на "HiAce" е инспириран од off-road дизајн и дизајниран да се истакне „не само во природата, туку и на улиците“.
Од друга страна, "GR Parts Version II" е наменета како „уште повозбудлив омаж на мотоспортот“, што и да значи тоа.
Главната разлика помеѓу двете верзии се одразува во дизајнот на предниот браник и страничните прагови.
"Version I " доаѓа со помасивни влошки за браниците со интегрирани LED светла и заштита под предната решетка, додека страничните прагови имаат додаток карактеристичен за подигнатите теренци.
Има и "GR" браници, достапни во црвена или црна боја.
"Version II" е поспортска, со преден сплитер и посуптилни продолжетоци на прагот. Клиентите можат дополнително да изберат подлабок заден браник со мини дифузор, 15-инчни алуминиумски тркала и рамка за регистарска табличка со "GR" завртки.
Колку чини "GR" третманот за "HiAce"?
"Toyota" ги нуди овие надградби по следните цени:
- Version I bodykit - 231.000 јени (околу 1.500 американски долари).
- Version II bodykit – 143.000 јени (околу 940 американски долари).
- Комплет тркала и гуми – дополнителни 242.000 јени (околу 1.600 американски долари).
- Браници – 33.000 јени (околу 220 американски долари).
- Рамка за регистарска табличка со "GR" завртки – 15.510 јени (околу 100 $).
Дали "HiAce" навистина припаѓа на семејството "Gazoo Racing"?
"GR Parts" е најниското ниво во хиерархијата на линијата "Gazoo Racing", под "GRMN" (модели подготвени за патека), "GR" (фокусирани на перформанси) и "GR Sport" (засилени спортски верзии на класични модели).
И покрај тоа што добива спортски додатоци, "HiAce" не се појавува на официјалната веб-страница на "Gazoo Racing" во Јапонија, што покажува дека "Toyota" не го смета овој модел за вистински дел од својата линија "GR", за разлика од другиот модел во семејството на комерцијални возила – "Hilux GR Sport".