Канје Вест го привлече вниманието со објавувањето на бизарна реклама за Супербол, која ја снимил на својот телефон додека бил на забар.
Раперот неодамна ја шокираше јавноста со антисемитските објави на Икс, а сега ги збуни гледачите со бизарна реклама. Тој купи простор за рекламирање од 30 секунди за време на Супербол, а рекламата се емитуваше во втората четвртина од натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс. Во рекламата Канје носи очила за сонце и се пофали дека „има нови заби“.
„Што има, момци? Ги потрошив сите мои комерцијални пари на овие нови заби, па морав повторно да ги снимам на мојот ајфон“.
Неговата реклама предизвика различни реакции на социјалните мрежи, а имаше и интересни коментари. „Овој тип има премногу пари и време во рацете“, напиша еден, додека друг додаде: „Што по ѓаволите се случува?
Патем, рекламниот простор за време на Супер Боул во 2025 година се продаваше за 8 милиони долари (околу 7,40 милиони евра) за реклами од 30 секунди. Тоа значи дека секоја секунда од рекламен простор чинела дури 266.666 долари (околу 246.730 евра).
Да потсетиме, раперот, кој го избриша својот профил на социјалната мрежа Икс по серијата испади, минатата година купи рекламен простор од 30 секунди, кој и самиот го сними. Во видеото, раперот рече: “Еј, момци, јас сум Је и ова е мојата реклама. Бидејќи ги потрошивме сите пари на просторот за реклами, всушност не потрошивме ништо на самата реклама. Но, идејата е да одиме на Yeezy.com”.
„Yeezy“ е негов моден бренд, а додека беа во брак Ким Кардашијан работеше на брендот и беше главното лице на неговите кампањи. „Yeezy“ имаше соработка со Адидас од 2015 до 2022 година, но германската компанија ја прекина откако раперот даде антисемитски изјави.