Нетфликс го најави криминалистичкиот трилер „The Whisper Man“: Роберт де Ниро ја има главната улога

Точка

08/02/2025

18:01

2.934

Големина на фонт

а а а

Нетфликс и продукциската куќа АГБО подготвуваат нова адаптација на криминалистичкиот трилер наречен „The Whisper Man“, базиран на истоимениот бестселер на авторот Алекс Норт.

Овој проект веќе привлекува големо внимание, особено поради тоа што една од главните улоги ќе ја толкува легендарниот Роберт де Ниро, познат по извонредните улоги во филмовите како „The Godfather, Part II“, „Taxi Driver“, „The Irishman“ и многу други.



Филмот следи вдовец и автор на криминалистички романи кој е принуден да побара помош од својот отуѓен татко, пензиониран полициски детектив, откако неговиот осумгодишен син бил киднапиран. Заедно, тие откриваат дека киднапирањето е поврзано со стар случај кој вклучува сериски убиец познат како „The Whisper Man“.

Филмот го режираше Џејмс Ешкрофт, додека сценариото го напишаа Бен Џејкоби и Чејс Палмер. Продуценти на овој напнат трилер проект ќе бидат Ентони Русо, Џо Русо, Анџела Русо-Отстот и Мајкл Диско, а извршни продуценти се Каси Вајтинг и Маркус Висиди.


Снимањето ќе започне на пролет оваа година, а локацијата за снимање ќе биде на источниот брег на САД.

„The Whisper Man“ ќе биде шестиот заеднички проект на Нетфликс и АГБО кои претходно соработуваа на филмови како „Mosul“, „Extraction“ и „The Grey Man“. Овој филмски потфат дополнително ја потврдува успешната соработка меѓу двете моќни продукциски куќи, а очекувањата за негов успех се големи. Со оглед на големите имиња и напнатото дејство, „The Whisper Man“ би можел да стане уште еден голем хит на Нетфликс.