Рецептот за „палачинки“ од рерна ги освојува социјалните мрежи, а многумина велат дека е полн погодок. Во продолжение начинот на подготовка на новата верзија на овој популарен десерт.
Потребни состојки: 400 милилитри млеко, 160 грама брашно, две јајца, две лажици шеќер, една лажица масло и малку сол.
Подготовка
Соединете ги сите состојки, па истурете ја смесата во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени, и печете околу 20 минути.
Откако ќе се испече смесата исечете ја на ленти, премачкајте ги со крем и завиткајте ги во форма на палачинки.
Многу корисници на Тикток коментираат дека се воодушевени од вкусот.
„Премногу добро, а не мора ни да користите миксер“, „Јас ги направив вчера. Одлично“, „Браво за рецептот“, се дел од коментарите. Снимката од рецептот досега собра повеќе од милион прегледи и речиси 30.000 лајкови.