„Џо, отпуштен си!“ – Трамп жестоко му се одмаздува на Бајден, му ја укина големата привилегија!

Точка

08/02/2025

17:33

6.639

Големина на фонт

а а а

Трамп се повика на извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, кој минатата година го опиша Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“.

Според „Ројтерс“, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му го укинува пристапот до доверливите информации на поранешниот претседател Џо Бајден, бидејќи, како што вели, неговиот претходник нема потреба од такви податоци.

Во објава на „Truth Social“, Трамп повторно го спомна извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, кој минатата година го опиша Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“. Бајден тогаш изјави дека неговото сеќавање е добро.


„Не е неопходно Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Џо, ти си отпуштен!“ – напиша Трамп.

Хур, исто така, во 2024 година изјави дека Бајден нема да се соочи со обвиненија за свесно задржување доверливи документи по напуштањето на функцијата потпретседател во 2017 година. Бајден тогаш рече дека обвинувањата дека намерно криел доверливи материјали се „едноставно погрешни“.

Поранешните претседатели традиционално добиваат одредени разузнавачки информации и по завршувањето на мандатот.


Во својата објава, Трамп исто така тврдеше дека Бајден го искористил својот мандат за да ги насочи разузнавачките агенции кон спречување на Трамп да добие информации поврзани со националната безбедност.

Во 2021 година, непосредно по преземањето на функцијата, Бајден изјави за „CBS News“ дека не верува оти Трамп треба да има пристап до разузнавачки податоци поради неговото „несоодветно однесување“ и загриженоста дека може да сподели доверливи информации.


„Каква вредност има да му се даде пристап? Какво влијание има тој, освен ризикот дека може да се излетa и да открие нешто?“ – изјави тогаш Бајден.