Маск објаснува дека добар дел од 2017 година поминал размислувајќи да се откаже од своите големи планови
ИТ тајкунот Илон Маск вели дека се обидел да му ја понуди "Tesla" на извршниот директор на "Apple", Тим Кук, не на самиот почеток на бизнисот, туку пред три години.
Маск објаснува дека добар дел од 2017 година поминал размислувајќи да се откаже од своите големи планови и тој период го нарекува „мрачни денови“ на "Tesla".
Имаше неколку причини за таквиот развој на чувствата. Во тој момент, "Tesla" сè уште не произведуваше масовно електрични возила, и секако не во размерите што ги прави денес. Компанијата направи огромни трошоци поврзани со стопирањето на производството на таканаречениот "Model 3".
Овие по малку неверојатни детали ги објави самиот Маск на својот „Х“ (поранешен Твитер) профил, поттикнат од веста дека „Apple“ решил да се вклучи во пазарната трка со електрични автомобили. Маск во своите твитови тврди дека Тим Кук не сакал ни да закаже средба со него, ниту да ја разгледа понудата за купување на "Tesla" за една десетина од нејзината сегашна вредност, или 50 милијарди долари.
Тесла моментално вреди приближно 500 милијарди долари, а иако вредноста на нејзините акции благо опаѓа, берзанските аналитичари предупредуваат дека таа е сè уште надуена и опасно се приближува до територијата на „инвестициски балон“, што значи дека на сегашната цена може да ѝ се заканува ненадеен колапс, пишува "Biznis.rs".