За шест години, "Jaguar I-Pace" од револуционерен модел се претвори во возило наменето за отпад.
"Jaguar I-Pace" требаше да биде пресвртница, премиум електричен кросовер кој пристигна на пазарот години пред неговите европски конкуренти и беше прогласен за европски и светски автомобил на годината за 2019 година.
Со својот елегантен дизајн и предноста да биде пионер во сегментот, ги имаше сите можности за успех.
Сепак, и покрај признанијата, продажбата никогаш не ги достигна очекуваните нивоа, а "I-Pace" брзо стекна поинаква репутација – онаа поврзана со бројни повлекувања, проблеми со доверливоста, па дури и пожари, пишува "CarScoops".
Сега сè поголем број од овие електрични возила завршуваат на депонии.
Масовни повлекувања од пазарот
Со текот на годините, "I-Pace" беше отповикан најмалку пет пати во неколку земји поради дефект на батеријата.
Кон крајот на минатата година, "Jaguar" објави дека ќе откупи речиси 2.800 единици од сопствениците во САД, бидејќи не успеа да ги реши проблемите.
Слични програми за откуп беа лансирани и во други земји, вклучително и Велика Британија, каде што завршија многу од овие автомобили.
Гробница за "Jaguar I-Pace"
Неодамна на социјалните мрежи се појавија фотографии од отпад во Велика Британија. На нив се прикажани неколку десетици "Jaguar I-Pace" автомобили наредени рамо до рамо во тажни гробишта за автомобили.
Овие автомобили биле во сопственост на купувачи, кои на крајот се откажале од нив бидејќи не можеле да се справат со проблемите што ги имале.
Тажна глетка која покажува колку некои нови автомобили станаа потрошна роба.
Проблематични батерии – клучен проблем
Проблемите со батеријата го мачат "I-Pace" со години. Батериите, произведени од "LG", наводно се склони кон прегревање и може да се запалат.
"Jaguar" се обиде да ги поправи проблемите со различни софтверски ажурирања, но на крајот се откажа и понуди да ги откупи автомобилите во неколку земји.
View on Threads
Новата ера на "Jaguar" – дали може да го надмине "I-Pace"?
Во последно време "Jaguar" се фокусира на нова ера, која предизвика големо внимание и контроверзии.
По контроверзната ПР кампања, британскиот производител во декември минатата година го претстави концептот "Type 00" – електричен седан со 4 врати кој треба да влезе во сериско производство на крајот на оваа или почетокот на следната година.
"Jaguar" цели на досег на "EPA" од околу 690 километри за "Type 00".
Да се надеваме дека овој модел ќе има посигурен и побезбеден батериски систем од "I-Pace".