Случајот помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли доби уште еден нов пресврт. Имено, како што објавија бројни медиуми, Балдони ја изменил тужбата против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и вклучил белешки направени за време на снимањето на филмот It Ends with Us.
Балдони, исто така, во тужбата навел дека бил во „помалку од идеална позиција“ да ги пренесе белешките на Лајвли. Тој, наводно, – на нејзино барање – отишол во нејзиниот стан на состанок каде што требало да разговараат за снимање интимни сцени. Лајвли, според тужбата, не се појавила на средбата.
https://t.co/Hb245qamKh
— Roadches webmasterhonda (@Roadches) February 5, 2025
Justin Baldoni was in the "less than ideal position of having to relay these notes" to Blake Lively outside of the intimacy coordinator meeting, per his lawsuit
Белешките, наводно, биле напишани уште во 2023 година од координатор за интимност кој работел на снимањето. Координаторот наводно им предложил на Балдони и Лајвли да снимат интимна сцена во која и двајцата доживуваат оргазам. Блејк наводно одбила, велејќи дека е „премногу стара“ за тоа.
„На крајот, Лајвли ги отфрли сите предлози од координаторот за интимност за самата да ги преработи сцените. Овие белешки подоцна послужија како основа за тужбата на Лајвли, во која таа го обвини Балдони дека разговарал за неговиот сексуален живот и вметнува непотребни сцени во кои ликот на Лајвли доживува оргазам”, се наведува во изменетата тужба.