Жан Тод, поранешен извршен директор на "Ferrari", вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион.
Славниот Германец пред 11 години падна на скијање и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија.
„Јас сум во редовен контакт со Михаел и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. „Семејството одлучи да не зборува за неговата состојба и јас го почитувам тоа“, истакна Тод.
Неодамна се појавија информации дека тој бил на свадбата на својата ќерка, но никогаш не е добиена официјална потврда, ниту пак се појавија фотографии.