Најавата на официјалната веб-страница на "Morgan" воодушеви многу фанови на брендот.
Како да не воодушеви кога новиот модел го чекаме со години. Сега, со објавувањето на две фотографии од прототип од тестирање на јавните патишта, конечно дојде до потврда за претстојното пристигнување на новиот модел. Иако е камуфлиран, автомобилот јасно ги открива препознатливите пропорции и дизајнерски елементи на класичен "Morgan".
Секако, со одредена еволуција, најпрестижниот модел на "Morgan" носи „современа естетика“ и „пропорции дефинирани од аеродинамиката“. Автомобилот се базира на новата "CXV" платформа, која всушност е дериват на алуминиумската "CV" платформа од 2019 година.
Новата платформа е полесна и поцврста и овозможува „опсег на нови технички карактеристики и инженерски подобрувања насекаде, кои придонесуваат за поголеми динамични перформанси и задоволство при возењето“. И за да биде вистински достоен наследник на "Puls Six", сè уште постои шестцилиндричен мотор на "BMW".
Потсетете се дека 3.0 "TwinPower Turbo" во распродадениот и укинат "Plus Six" произведува 340 коњски сили и 500 Nm и обезбедува спринт до 100 км/ч за 4,2 секунди и максимална брзина од 267 км/ч. Новиот модел ќе биде уште подобар.