МВР: Во тек е полициска акција, се истражува незаконитост со тендери за сервисирање на службени возила

Макфакс

05/02/2025

13:13

1.794

Големина на фонт

а а а

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова министерство.

- Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен jавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, потврдија од министерството за „Макфакс“.


Според одредени информации, акцијата е поврзана за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила, но официјална потврда се очекува во текот на денот.