Дејвис со емотивно обраќање откако реши да остане во Баерн

Дерби

05/02/2025

11:55

182

Големина на фонт

а а а

Алфонсо Дејвис речиси две години преговараше за нов договор со Баерн Минхен, па иако во неколку наврати беше многу блиску и до преселба во Реал Мадрид, на крајот канадскиот лев бек реши да остане на „Алијанц арена“.

Баварскиот великан на крајот конечно пронајде заеднички јазик со тешките претставници на Дејвис и успеа да го осигура левиот бек до 2030-та година, договор кој само покажува дека планот за взаемна соработка е прилично долг.

Многумина го видоа левиот бек како идеално летно засилување за Реал Мадрид какошто беше случај со Давид Алаба, но сепак Канаѓанецот реши да фати поинаков пат и да остане во Минхен, неговиот втор дом.

– Нема место како дома, а Минхен стана тоа за мене. Навистина сум среќен што ќе продолжам да играм дома. Дојдов тука како 18-годишно дете од Канада и успеав и остварив многу нешта благодарение на Баерн и неговите навивачи. Му должам многу на овој клуб, на сите во Минхен кои веруваа во мене и кои ми нудат платформа за да успеам во фудбалот.

– Се решив на долгорочна нова соработка, бидејќи знам какви се амбициите на овој клуб, сигурен сум дека во иднина ќе следат нови успеси и нови трофеи. Не можам да бидам посреќен и погорд што сум дел од Баерн Минхен, ќе продолжам да давам 110 проценти од себе на теренот и надвор од него, за клубот и за овој град. Благодарност до клубот за верната и континуираната верба во мене, – порача Дејвис.