Лука Дончиќ за првпат се појави во Калифорнија како член на Лос Анџелес Лејкерс и ја одработи првата прес-конференција, но брзо после тоа се упати во „Интуид Доум“ центарот, сала во која се играше големото дерби против Лос Анџелес Клиперс.
„Езерџиите“ го одиграа првиот натпревар со маестро Лука на клупата, а мора да се признае дека Словенецот им донесе среќа на своите нови соиграчи, иако воопшто не стапна на паркетот.
Лука се уште се опоправува од повредата и ќе мора да почека за своето деби, но рано утрово многу често беше главна фаза за режисерот во победата која ја оствари Лејкерси со резултат 122:97.
Сцената во која Лука Дончиќ и Леброн Џејмс седеа еден крај друг беше означена како нереална од огромен број кошаркарски фанови, но тоа всушност ќе биде новата реалност која ќе ја гледаме во најсилната кошаркарска лига во светот.
Гледан од својот нов соиграч, Леброн беше прилично мотивиран и се истакна како најдобар играч на паркетот, завршувајќи го мечот со 26 поени, 8 скокови и 9 асистенции.
We really live in a world where LeBron James & Luka Doncic are teammates 😭 pic.twitter.com/PBRMJjh4Mm
— LakeShowYo (@LakeShowYo) February 5, 2025
LUKA DONCIC IS HERE 😭 pic.twitter.com/Mq4AKRSrOO
— Lakers All Day Everyday (@LADEig) February 5, 2025
НБА резултати:
Филаделфија – Далас 118:116
Торонто – Њујорк 115:121
Кливленд – Бостон 105:112
Бруклин – Хјустон 99:97
Чикаго – Мајами 133:124
Портланд – Индијана 112:89
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 97:122