Доналд Трамп ќе присуствува на Супер Боул

Макфакс

05/02/2025

10:28

200

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп ќе присуствува на Супербол во недела, со што ќе стане првиот актуелен американски претседател кој ќе биде на финалето на плејофот на НФЛ како гледач, потврди во вторникот Белата куќа.

Американскиот лидер ќе присуствува на финалето на плејофот на професионалната американска фудбалска лига во Њу Орлеанс во недела меѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс, изјави претставник на Белата куќа, потврдувајќи ги информациите од американските медиуми.


Доналд Трамп ќе биде првиот актуелен претседател кој ќе присуствува на најголемиот годишен спортски настан во Соединетите држави, кој се одржува секоја година по завршувањето на плејофот на НФЛ на крајот од сезоната. Медиумите потсетуваат дека Трамп често имал тежок однос со НФЛ.

Во 2017 година, тој го доведе во прашање патриотизмот на играчите кои клекнаа за време на американската химна за да привлечат внимание на прашањата за расна неправда. Во тоа време, неговите критики предизвикаа бран протести меѓу играчите.