[ФОТО/ВИДЕО] Пукање во училиште во Шведска: Најмалку пет лица се повредени, ситуацијата не е под контрола

Точка

04/02/2025

15:17

1.282

Големина на фонт

а а а

Најмалку пет лица се повредени во пукање во училиштето Рисбергска во шведскиот град Оребро.

Според неофицијални информации, во училиштето во Оребро имало пукање од автоматско оружје. Во тек е голема полициска акција.

Голем број вооружени полицајци и служби за итни случаи се собраа пред училиштето. Во училиштето се уште има луѓе. 


Полицијата процени дека ситуацијата се уште не е под контрола и објавен е црвен аларм. Неофицијално, меѓу ранетите има и полицајци.

- Не можеме да излеземе, опасно е. „Слушнавме пукотници“, изјави едно лице за шведските медиуми.

Личност која познава професор што работи во тоа училиште вели дека штотуку добила СМС порака.

- Ми напиша дека во училиштето имало пукање од автоматско оружје и дека се засолниле во соба. Потоа ми напиша дека ме сака.

Локалната болница ги празни ургентниот и одделот за интензивна нега за да се подготви да ги прими повредените.

Оребро  е еден од поголемите градови во Шведска, поточно шестти најголем град во Шведска кој се наоѓа во средишниот дел од државата.