Таравари ја разреши директорката на „Козле“ што бараше медиумите да не и го спомнуваат името

Макфакс

04/02/2025

13:38

1.177

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана Катерина Бошковска, која, како што појаснуваат во соопштението, над дваесет години е дел од тимот на оваа установа.

„Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија.


Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови.

Министерството се заблагодарува за досегашниот ангажман на претходната директорка д-р Каролина Симоновска“, истакнуваат од ресорното министерство.