[ВИДЕО] Маја Глигровска: Ако син ми најде девојка што личи на мене ќе му кажам „Браво сине!“

Точка

04/02/2025

12:29

1.326

Големина на фонт

а а а

Да сум жена на 24 часа прво што ќе направам? Ќе се направам маж-вака одговори битолската бодибилдинг легенда Паљо-Зоран Лазаревски гостувајќи во Нешто Конкретно кај Снеже Велков, каде дознавме дека е еден од ретките кој со своите 63 години се придружува на Ал Пачино и Роберт де Ниро кои станаа татковци после 60 години.

На Паљо ова му е прво дете и е исклучително среќен дека ја има малата верзија од себе.Тој додаде и дека на почеток заради стереотипите и возраста мајката на неговата сопруга не му зборувала за да сега вели" Па ваков зет ова е чудо" Сопругата на Паљо има 32 години.

На стереотипите се надоврза и еден од најдобрите хармоникаши во земјава Војче од Маестро кој кажа дека неговата сопруга е повисока од него и дека за тоа на шега вели ги купил сите можни бои на балетанки.

Таско пак додаде: Мојата сопруга е постара од мене,но кажа дека поголемо внимание кај неговото семејство предизвикале тетоважите бидејки Наташа, е тетовирана речиси по целото тело.

На што на крајот заклучокот беше дека не се важни ни годините на бројките ни тетоважите, ако се има дијалог и разбирање бракот е убав.

Бидејки темата беше Што сакаат мажите:

Маја Глигоровска кажа дека не сака мамини синови но сепак ако нејзиниот син дома донесе снашка која личи токму на Маја таа ќе му рече Браво сине.

Во однос пак на карактеристиките ако мора да бираат мажите би ја сакале онаа надменост на паунот,елегантноста на коњот но разиграност на мајмунот.

На почетокот на брак се едно животинче па посе се менува -во духовит тон заклучија гостите.

Погледнете ја епизодата која изобилува со духовити досетливи и и заклучоци.