Според некои, Марла Мејплс пленела со посебна енергија на црвениот тепих, но има и друга страна на паричката.
Поранешната американска актерка Марла Мејплс, која сепак на пошироката јавност и стана позната како поранешна сопруга на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, синоќа се појави на доделувањето на Греми наградите за 2025 година во Лос Анџелес и ги привлече сите погледи. Како што објавија бројни медиуми во САД, луѓето немо ја гледале, пред сè поради нејзиниот стајлинг и однесување.
Марла и Доналд се запознале во 1985 година, додека Трамп сè уште беше во брак со својата прва сопруга Ивана. Нивната романса полека станувала очигледна, привлекувајќи го вниманието на јавноста, која полека откривала се повеќе детали.
Марла, како млада манекенка и актерка, станала важна фигура во животот на Трамп, што ги поттикна гласините за нивната врска. Во тоа време Трамп дури осум дена по ред се најде на насловните страници на "New York Post" поради изјавите на Марла Мејплс за нивниот интимен живот.
Освен што е позната како поранешна сопруга на актуелниот американски претседател, Марла имала и неколку филмски улоги. Покрај тоа, таа се обидела и како пејачка, објавувајќи албум наречен „The Endless“. Исто така, во 1993 година дизајнирала трудничка облека, а колекцијата се продавала во неколку стоковни куќи.
Сега, таа се појави на Греми наградите, а нејзиното појавување беше главна тема. Имено, некои сметаат дека таа дошла на ваков голем настан во најлош можен момент, бидејќи критичарите сметаат дека никој поврзан со актуелниот американски претседател не смее да биде на слични церемонии.
Има и извори кои сугерираат дека Марла не била ни поканета на Греми наградите, туку пристигнала како нечија придружба. Медиумите ја фотографираа на црвениот тепих со Рики Кеј – композитор од Индија кој има три Греми награди. Инаку, минатата година коментираше дека Марла му е добра пријателка и дека со часови разговараат за се што му се случува во животот.
Не само што присуството на Мејплс ги збунуваше и иритираше поединците, нејзиниот изглед, заснован на мислењата на критичарите, не беше воопшто добар. Имено, иако зрачеше со елеганција и беше јасно дека е жена која исклучително се грижи за себе, таа се најде на листата на "Daily Mail" како најлошо облечена гостинка на доделувањата на Греми наградите.
„Изгледа дека ткаенината е лошо скроена, поради што фустанот се гужва кога таа ќе направи еден чекор. Таа и претходно присуствувала на Греми наградите, но ова е веројатно нејзиниот најлош изглед досега, напишаа некои, сугерирајќи дека не разбрале зошто имала таков моден кикс.
#DemVoice1 #ProudBlueEditorials #DemsUnited
— Marty Taylor (@RealMartyT7) March 17, 2024
”This editorial is solely my own opinion.I alone am responsible for the content”
A personal story about Donald Trump, Marla Maples. The “Carpet King” Bob Shaw, Adolph Hitler and my wife Martha.
My wife is a computer… pic.twitter.com/5nZSMNKhMx
Имаше и такви кои само накратко изјавија: „Очај!“
За потсетување, парот беше во брак од 1993 до 1999 година, а по разводот Трамп отворено зборуваше дека не сака повторно да се венча, но доаѓањето на Тифани, нивната ќерка, промени се. Предбрачниот договор што таа го потпиша беше еден од најозборуваните детали за нивната врска. Трамп подоцна тврдеше дека договорот е неопходен за да може мирно да спие, бидејќи неговиот претходен развод со Ивана бил скап и полн со контроверзии.