Лука Дончиќ го комплетираше неочекуваниот и шокантен трансфер во Лос Анџелес Лејкерс, а во моменти кога сите успеаја пред него да реагираат на големата вест, маестралниот Словенец конечно дочека шанса да се обрати онака како што доликува.
Големиот трејд пристигна како големо изненадување и за самиот Лука кој не очекувал ваков потег од Маверикс, нешто за што доказ е и неговата проштална порака до сите навивачите на Далас.
– Пред седум години, пристигнав тука како тинејџер кој го бркаше својот сон да игра кошарка на највисоко ниво. Мислев дека ќе ја поминам цела моја кариера тука и нависитна многу сакав да се оддолжам со трофеј. Љубовта и поддршката која ми ја дадовте е нешто за кое не можев да сонувам.
– За младо момче од Словенија кое првпат дојде во Америка, направивте Тексас да биде мој дом. Во добри и во лоши моменти, од повреди до НБА финале, вашата поддршка никогаш не се промени. Ви благодарам што ја делевте радоста со мене, но и поради тоа што ме поддржувавте кога беше најпотребно, – гласи дел од пораката на Дончиќ до фановите на Далас.
Покрај прошталната порака до Далас, Лука секако мораше да испорача и први зборови како нов играч на Лејкерси, па имаше порака и до „езерџиите“.
– Благодарен сум за оваа неверојатна можност. Кошаркатата ми значи се, без разлика каде играм, тоа ќе го правам со истата радост, со истата страст и со јасна цел: Да освојувам трофеи, – порача Дончиќ.