Џејден Смит, синот на Вил и Џејдa Смит, се појави на синоќешното доделување на Греми наградите во интересно издание поради што стана хит на социјалните мрежи.
Имено 26-годишниот рапер и актер на црвениот килим се појави во црн смокинг од модната куќа Луј Витон, а на главата носеше црн замок.
Неговото издание го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи, кои почнаа да го исмејуваат, а имаше и многу забавни коментари.
„Не знаев дека е Ноќта на вештерките“
„Сакам интернетот да знае дека Џејден Смит носи куќа на главата“, „Дали си го плати данокот на имот?“, „Ми се гади од чудните појавувања на холивудски познати личности“, „Не знаев дека е Ноќта на вештерките „Изгледа дека има многу работи на ум“, „Некој кој е неважен се труди да биде важен“, „На оној кој седи зад него нема да му биде забавно“ беа дел од коментарите.
I didn’t know that it was Halloween
— C.W. SMITH (@PaydirtS) February 3, 2025
Инаку, Џејден на доделувањето се појави со неговата сестра Вилоу, која беше номинирана во две категории со нејзините песни „Big Feelings“ и „Empathogen“, но не освои Греми награда.