Играј одговороно: Видеолотарија Касинос Австрија едуцира за одговорно играње игри на среќа

Точка

30/01/2025

14:49

284

Големина на фонт

а а а

СОС линијата на Видеолотарија Касинос Австрија е од исклучителна важност и корисност во советувањето од опасностите кои ги предизвикува прекумерното играње игри на среќа, истакнува прим. Д-р Павлинка Васкова која е дел од стручниот тим на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, во проектот за превенција и психо-социјална поддршка на лицата со проблематично играње на игри на среќа “Играј одговорно“.

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.


Прим. Д-р Павлинка Васкова која е дел од тимот на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, во проектот за превенција и психо-социјална поддршка на лицата со проблематично играње на игри на среќа “Играј одговорно” , во гостувањето на утринската програма на телевизија Сител, говореше за проблемот со зависностите и нивна превенција. Таа ја истакна исклучителната важност и корисност во тој процес, на телефонската поддршка преку СОС линијата за бесплатно советување, како и деск верзијата преку мејл, кои се овозможени од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија. Во текот на 2024 година на СОС телефонската линија 072 809 809, се јавиле повеќе од 200 лица. Дополнително, во стручните советувалишта во Скопје, Прилеп и Куманово, кои се овозможени и поддржани од Државна Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со стручните лица, забележана е зголемена посета на лица кои имаат потреба од стручна помош. Во склоп на проектот “Играј Одговорно”, беа одржани и многубројни едукативни работилници. Меѓу нив се и работилниците на Славјанскиот универзитет во Свети Николе за студентите по психологија, Филозофскиот факултет Св.Кирил и Методиј на катедрата за психологија за студентите по психологија, Славјанскиот универзитет во Битола, како и на Медицинскиот факултет во соработка со Катедрата по психијатрија.

Само за потсетување, под слоганот НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ избор, во месец ноември во Кинотеката на РСМ беше одржана едукативна трибина, со цел спречување на негативните последици предизвикани од зависност на психоактивните супстанци и игрите на среќа.

Преку едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залагаме за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа како и важноста од одговорно играње и одговорно приредување ири на среќа.

#ИграјОдговорно