Кремљ: Западните земји се обидуваат да се мешаат во нашите избори

Макфакс

29/01/2025

22:14

605

Големина на фонт

а а а

Работната група на Кремљ чија цел е да се спречи надворешно мешање тврди дека Западот се подготвува да се меша во парламентарните избори во Русија во 2026 година.

„Комисијата ја забележува активната подготовка на западните земји да организираат обиди за мешање во изборите за Државната дума во 2026 година“, се вели во документот што го пренесе руската државна новинска агенција ТАСС, а на кој се повикува „Политико“.

„САД и нивните сателити веќе се обидоа да се мешаат во руските избори во 2024 година“.

Минатата година Москва се соочи со бројни критики од западните земји за обидот да се влијае на претседателските избори во Романија, како и на претседателските избори и референдумот за пристапување во ЕУ што Молдавија ги организираше во октомври.

Покрај тоа, на минатогодишните руски претседателски избори, одржани без автентична политичка опозиција, победи претседателот Владимир Путин со 87 отсто од гласовите, пренесува медиумот.

Владимир Путин е претседател или премиер на Русија од 2001 година.