Илон Маск сподели видео на кое се гледа како новопроизведените автомобили на "Tesla" се возат од фабриката каде што се произведени до паркингот.
Илон Маск сподели видео на профилот на "Tesla" на "X" на кое се гледа како новопроизведените автомобили на Tesla се возат од фабриката каде што се произведени до паркингот, наводно без човечка интервенција.
„Започнува целосно автономна контрола на возилото без надзор“, напиша Маск на „X“, а истото го потврди и соопштението на "Tesla AI".
„Чекор поблиску до распоредување на автономни возила без надзор. Процесот започна со рута долга два километри во фабриката во Фремонт“, се вели во соопштението на "Tesla AI".
Teslas now drive themselves from their birthplace at the factory to their designated loading dock lanes without human intervention
— Tesla AI (@Tesla_AI) January 29, 2025
One step closer to large-scale unsupervised FSD pic.twitter.com/Aj6dHsLaRO
Што е "FSD"?
FSD (целосно автономно возење) од "Tesla" е пакет напредни функции за помош на возачот што им овозможуваат на возилата на "Tesla" да возат сами во повеќето ситуации. Вклучува функции како што се автоматско задржување лента, самостојно паркирање, функција за „повикување“ (можност за движење на возилото во тесни простори) и автопилотска навигација, што го води возилото од влезот до излезот на автопатот без надзор од возачот.
Неодамна беше тестиран на „Cybertruck“, но навистина не се прослави, пишува "Index".