Путин најави кога може да заврши војната: Украина речиси целосно го загуби својот суверенитет, без спонзорските пари сè ќе биде готово за два месеци

Точка

28/01/2025

22:30

1.803

Големина на фонт

а а а

Путин изјави дека е подготвен да именува луѓе кои би преговарале со Зеленски, доколку украинскиот претседател покаже волја за учество во преговорите.

„Украина речиси целосно го загуби својот суверенитет. Без финансиска поддршка и муниција, сè би завршило за месец и пол до два месеци“, рече рускиот претседател Владимир Путин.


„Не можат да преживеат. Доколку останат без пари и муниција, не би издржале ни еден месец. Сè би било готово за месец, месец и пол, два“, додаде тој.

Сепак, како што истакна, преговорите со Украина не можат да бидат легитимни сè додека не се поништи указот на Зеленски со кој се забрануваат преговори со Русија. Според него, Владимир Зеленски во моментот е нелегитимен лидер и не може да ја укине сопствената забрана за преговори со Руската Федерација.


„Ако сега ги започнеме преговорите, тие ќе бидат нелегитимни“, нагласи Путин.

Тој потсети дека, според украинскиот Устав, претседателот нема право да ги проширува своите овластувања, дури и за време на воена состојба.

Рускиот лидер објасни дека Русија во 2022 година веднаш ѝ предложила на Украина да се повлече од ДПР и ЛПР за да се избегне војна.


„Украинските предлози станаа основа на нацрт-договорот од Истанбул во 2022 година, а Москва беше подготвена да го спроведе, иако со одредени забелешки. Тогаш се согласивме да ги повлечеме војниците од Киев за да избегнеме крвопролевање“, изјави тој.

Путин додаде дека во пролетта 2022 година бил подготвен да се сретне со Зеленски.

Исто така, рускиот претседател спомна дека испраќал сигнали до поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за можни решенија за ситуацијата во Украина. Според него, Западот го убедил Киев да продолжи со војната, а денес Украина речиси целосно го загубила својот суверенитет.


На крајот, Путин изјави дека резултатите од евентуалните преговори мора да ја гарантираат долгорочната безбедност на двете страни, Украина и Русија.