Барцокас го решил проблемот со Јасикевичиус: Нè обедини љубовта кон ист фудбалски клуб

Дерби

24/01/2025

12:54

4.285

Големина на фонт

а а а

Олимпијакос и Фенербахче денеска ќе одиграат интересен натпревар во кошаркарската Евролига, a новинарите не пропуштија да го потсетат домашниот тренер за случувањата на последното соочување со турскиот клуб.

Тогаш, Јоргос Барцокас имаше жесток дуел со колегата Шарунас Јасикевичиус по завршувањето на натпреварот, но очигледно, во меѓувреме тренерите ги надминале несогласувањата.

– Зборувавме по инцидентот и го решивме проблемот.

– Тоа се работи кои се случуваат кога притисокот е голем и не размислуваме најрационално.

– Имам одличен однос со Јасикевичиус. Нè обедини и љубовта кон Манчестер Јунајтед, па немаме меѓусебни проблеми, – рекол Барцокас.