Кои работи треба да ги знаете пред да пуштите водоводџија во вашиот дом?

Точка

23/01/2025

20:37

675

Големина на фонт

а а а

Кога ќе ни се затне цевката или кога водата ќе почне да тече, немаме друг избор освен да ја поправиме или да повикаме водоводџија за помош.

Ако се одлучиме за второто, мора да знаеме дека не се сите подеднакво квалификувани да решаваат проблеми со водоводот. Па, како да го изберете вистинскиот?

За да ги избегнете дополнителните штети и уште повисоките трошоци кои доаѓаат со проблемите со водоводот во домот, секогаш треба да го ангажирате вистинскиот професионалец.


Најпрво проверете ги неговите препораки, бидејќи не сакате водоинсталатерот да ви го влоши проблемот поради неговото незнаење.

Прашања што треба да ги поставите на водоводџија

Водоводџија обично се повикува во итен случај, но не брзајте кој ќе го одберете. Пред да одлучите, поставете му ги клучните прашања. Во никој случај не одбегнувајте го последното, кое е најважно.

Која е проценетата вкупна цена за да се реши проблемот?

Сопствениците на домови треба да бидат внимателни со понудите што ги добиваат преку телефон. Добрите водоводџии обично сакаат да го видат и анализираат вашиот проблем пред да можат да ви дадат проценка на вкупните трошоци за поправката. Искусните професионалци ги вклучуваат и трошоците за сите нови делови потребни за замена. Ако почетната цена изгледа многу висока - или многу ниска - ова може да биде првиот предупредувачки знак.

Дали цената е по час или фиксна?


Ако водоинсталатерот бара плаќање на час, прашајте и колку долго треба да трае поправката. Колку повеќе искуство има, толку подобро, бидејќи тоа ќе му помогне точно да го процени времето што вообичаено е потребно за да се изврши поправката, под претпоставка дека нема да наиде на непредвидени проблеми кои не се однадвор видливи.

Кој всушност ќе дојде во вашиот дом?

Секогаш кога е можно, прашајте за искуствата на другите луѓе. Не сакате да ризикувате лицето што ќе ви го поправа водоводот да има помалку искуство од водоводџија со кој првично сте разговарале.

Од кој дел на градот е тој?

Локацијата на изведувачот е исто толку важна колку и квалификациите и искуството. Дури и најдобриот водоинсталатер кој живее и работи на другата страна на градот не ви значи ништо ако чекате предолго.

Дали е поправка е неопходна?


Пред да разговарате со водоводџија, одлучете кога сакате да ја завршите работата и колку е таа итна. И нему кажете му го тоа јасно. Уште подобро е комуникацијата да биде во писмена форма, за во случај на проблеми и одложувања да имате јасен доказ за договореното време за посета на вашиот дом.