Гвардиола објасни како Луис Енрике ја добил тактичката војна на „Паркот на принцовите“

Дерби

23/01/2025

13:59

1.671

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити уште еднаш ги демонстрираше сите слабости во одбрана и прими четири голови од ПСЖ во второто полувреме, а по поразот на „Паркот на принцовите“, англискиот првак во овој момент не е ниту на местата кои носат бараж во најелитното натпреварување.

Најновиот неуспех направи „граѓаните“ да паднат на 25-то место на табелата, па сега во завршното коло ќе мора да бркаат победа против Клуб Бриж да се изборат барем за плејоф коло.

– ПСЖ заслужено победи и треба да им се честита. Невозможно е да играме добро кога ја немаме топката во своите нозе, ПСЖ не ни дозволи да играме.

– Во фудбалот, главните нешта се случуваат на средина на теренот, а Луис Енрике постави повеќе играчи во средниот ред и тука го добија натпреварот. Тие беа супериорни, а истовремено се и далеку подобро физички подготвени од нас во овој момент, – изјави Гвардиола и додаде.

– Сега ни следи последниот меч во групната фаза и имаме среќа што зависиме сами од себе. Ираме на домашен терен, ако не успееме да победиме, тогаш не заслужуваме да ја минеме првата фаза во Лигата на шампиони, – заврши Пеп.