Адеми по поразот од Арсенал: Го контролиравме мечот, но…

Дерби

23/01/2025

13:57

1.411

Големина на фонт

а а а

Арсенал на крајот рутински го совлада Динамо и направи голем исчекор кон директен пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони, статус кој сепак ќе треба да го осигура во последната рунда.

„Топчиите“ почнаа на најдобар можен начин и постигнаа гол за 1:0 уште во 2-та минута, па тоа им го донесе потребниот мир кој на крајот резултираше уште со два гола во мрежата на Хрватите.

За разлика од Арсенал, Динамо е во долниот дел од табелата и ќе мора да го победи Милан за да има шанси за место меѓу 24-те екипи на табелата, па јасно е дека пред Аријан Адеми, Стефан Ристовски и соиграчите е нависитна тешка задача.

Двајцата македонски фудбалери беа во стартната постава на Динамо на вчерашниот меч на „Емирејтс“, а Адеми како капитен бил првиот кој се огласил пред новинарите по поразот од 3:0.

– На крајот претрпевме тежок пораз, а Арсенал чесно победи и им честитам за тоа. Зборувавме за тоа дека е важно да издржиме во почетните 20 минути, а потоа примивме гол во 2-та минута. Навистина е комплицирано да играте после тоа, тешко е да се вратите против таков тим.

– Сепак, јас сметам дека добро реагирамве и дури успеавме да го контролираме мечот, барем јас добив такво чувство на теренот. Имавме ситуации по кои можевме да ги загрозиме, но за да направите нешто против ваков тим, мора да постигнете гол. Ние не успеавме во тоа и потоа примивме втор гол.

– Тоа е што е, сега мора да го победиме Милан и ќе одиме по три бода. Имаме квалитет и сигурен сум дека ќе го покажеме тоа на дело, – изјави Адеми кој играше до 59-та минута на „Емирејтс“.