Сколс избра осум ѕвезди од кои Аморим треба да се ослободи до почетокот на следната сезона

Дерби

23/01/2025

13:56

1.627

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим има многу потешка задача од тоа што првично се мислеше, од едноставна причина што овој тим на Манчестер Јунајтед игра уште полошо и понеконстантно од времето на Ерик Тен Хаг.

Португалецот брзо сфати со што си има работа и изминатиов викенд посочи дека најверојатно го тренира најлошиот тим во историјата на Јунајтед, заклучок кој води кон тоа дека ќе има огромна промена во играчкиот кадар во летниот преоден рок.

Постојат големи шанси Аморим да се откаже од добар дел од играчите кои ги донесе неговиот претходник, од едноставна причина што истите не функционираат во системот кој Рубен го негуваше во Спортинг Лисабон.

Пол Сколс одлучи да биде еден вид на советник и му препорача на Аморим да продаде дури осум ѕвезди од актуелниот тим, а тоа го направи низ фаза на елиминација во специјалната анкета на „ТНТ Спортс“.

Од понудените играчи, Сколс реши да ги задржи Онана, Гарначо и Мејну, но од друга страна, смета дека излезната врата треба да им биде покажана на Де Лихт, Лисандро, Лук Шо, Мејсон Маунт, Касемиро, Антони, Зиркзе и Рашфорд.