Тројца навивачи на Реал Сосиедад во Рим избодени со нож

Макфакс

23/01/2025

13:53

1.346

Големина на фонт

а а а

Тројца навивачи на Реал Сосиедад биле избодени со нож во центарот на Рим во судир со навивачите на Лацио пред натпреварот од Лигата на Европа меѓу двата клуба вечерва на „Олимпико“.

Околу 70 шпански навивачи нападнале околу 80 навивачи на Лацио на Виа Леонина, во близина на Колосеум, во средата доцна навечер, изјави портпаролот на римската полиција.

Тие користеле тапи предмети и ножеви, соопшти полицијата, објавувајќи слика од оружјето за кое се верува дека било употребено во нападот. Напаѓачите побегнале веднаш штом пристигнала полицијата, изјави портпаролот.