Трамп за враќање во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата

Макфакс

23/01/2025

09:52

187

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека неговото политичко враќање е доказ дека политиките и филозофијата на „радикалната левица“ во изминатите четири години се „страшни“ и „не работат“.

Во интервју за Фокс њуз, Трамп ја критикуваше политиката на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, осврнувајќи се повторно на инфлацијата, повлекувањето на САД од Авганистан, како и војните во Украина и меѓу Израел и Хамас.

„Стигнавме точно на време за да ја спасиме земјата“, рече Трамп.

Доналд Трамп повторно се врати во Белата куќа, заканувајќи се дека ќе го урне светскиот поредок и ќе изгради нова американска империја, од Панама до Гренланд. И, засега, европските политичари и бирократи решително одбија да реагираат со бурно негодување.