Филмот „Невозможна мисија 8“ е толку напнат што еден гледач речиси доживеал срцев удар

Точка

22/01/2025

16:39

550

Големина на фонт

а а а

Кристофер Маквори, режисерот на „Mission: Impossible – The Final Reckoning“, потврди во новото интервју дека последниот дел од познатата акциона франшиза со Том Круз во главната улога ќе биде напнат и возбудлив.

Всушност, режисерот откри за списанието „Empire“ дека еден член на публиката кој присуствувал на една од првите проекции на филмот имал толку силна реакција што речиси доживеал срцев удар.


„Имавме проекција за мал број гледачи и еден од нив рече: „Се задушував во текот на целата секвенција. За малку ќе доживеав срцев удар“. Во тој момент си помислив: „Тоа значи дека нешто направивме како што треба“, рече Маквори, пренесе „Deadline“.

Иако режисерот не откри која акциона сцена предизвика таква реакција кај гледачот, тизерот за филмот покажа како Итан Хант на Круз се бори со непријателите под вода, во авиони и во многу други опасни ситуации.

Пред „The Final Reckoning“, Меквори ги режираше „Mission: Impossible – Rogue Nation“ (2015), „Mission: Impossible – Fallout“ (2018) и „Mission: Impossible – „Dead Reckoning“ (2023).

Покрај Круз, актерската екипа на „The Final Reckoning“ ја сочинуваат и Хејли Атвел, Винг Рејмс, Сајмон Пег, Есаи Моралес, Пом Клементиеф, Ванеса Кирби, Мариела Гарига, Хенри Черни, Шеа Вигам, Грег Тарзан Дејвис, Чарлс Парнел и Фредерик Шмит.