[ФОТО/ВИДЕО] „Евтиност на квадрат“: Со бујното деколте го хипотизирала оженетиот Цукерберг додека седел покрај сопствената жена, па подоцна ги разоткрила и нозете

Точка

21/01/2025

19:24

3.902

Големина на фонт

а а а

Лорен Санчез предизвикала вистински моден скандал на вчерашната инаугурација на Доналд Трамп во Вашингтон кога се појавила со испакнати гради на свечената, историска церемонија. Гледачите зачудени, а Марк Цукерберг бил уловен како маѓепсано зјапа во нејзиното деколте.

Но, како да не бил доволен еден скандал, Лорен Санчез носела предизвикувачки стајлинг и на инаугуративниот бал во Вашингтон, кој следел по полагањето на заклетвата и се пофалила со тоа на Инстаграм.


Светот ја критикува, а таа се фали со својот провокативен стил. Белиот костум со впечатливо деколте, креација на модната куќа Александар Меквин, Лорен Санчез неколку часа подоцна го заменила со фустан од „Dolce & Gabbana“, со проѕирни делови од тул и најдлабок шлиц кој допира до интимната зона.


Овој пат таа ги покрила градите, но затоа ги оставила нозете откриени.

„Ми се допаѓа како инаку се облекува, но ова беше вулгарно и евтино за инаугурацијата“, гласи најблагата критика за нејзиниот стајлинг, кој, нималку изненадувачки, ѝ се допаѓа на нејзината пријателка Крис Џенер.

Лорен е критикувана затоа што покажала дека нема вкус кога е облеката во прашање, дека промовира исклучително евтин стил, но и дека не знае што е пристојно и адекватно облекување, со што таа дефинитивно не би се согласила, ниту таа, ниту оние кои исто така мислат дека доза на провокативност не е грешка.

Санчез беше мета на коментари и поради погледот на Марк Цукерберг, кој на инаугурацијата седеше до неа и хипнотизирано гледаше во нејзините гради. Го критикуваат славниот милијардери  му порачуваат дека му следи сериозна криза во бракот со Присила Чен, која исто така била со него, од другата страна.


Сликата на неговиот хипнотизиран поглед потсети на тоа дека Лорен Санчез ја нарекуваат „јадачка на оженети мажи“. Нејзината врска со Џеф Безос започна додека основачот на Амазон сè уште беше во брак со Мекензи Скот, од која подоцна се разведе и со која има четири деца. Самата Лорен била зафатена кога ја започнала новата романса и официјално го завршила тој брак.


За споредба, Безос има 61 година и 239,4 милијарди долари, а Марк Цукерберг има 40 години и 211,8 милијарди долари. На инаугурацијата на Трамп се собраа бројни богати луѓе и технолошки магнати на чело со Илон Маск, најбогатиот човек на светот (433,9 милијарди долари).

Лорен Санчез наполни 55 години, а нејзиното богатство