„Гренланд е прекрасно место. Ни треба за меѓународна безбедност. И сигурен сум дека Данска ќе се согласи. Тоа ги чини многу пари да го одржат, да го заштитат“, рече 47-от американски претседател и продолжи:„Гренланд е потребен не за нас, туку за меѓународна безбедност. Имате руски бродови насекаде, имате кинески бродови насекаде, воени бродови, а тие – Данска – не можат да го одржат тоа“.
Трамп изјави дека САД треба да ја преземат контролата врз Гренланд, нарекувајќи го американското стекнување на огромниот арктички остров „апсолутна неопходност“ и одбивајќи да ја исклучи употребата на воена сила.
Неговите коментари поттикнаа итни состаноци во Копенхаген и остра осуда од данските и гренландските лидери, кои рекоа дека островот не е на продажба. Додека глобалните сили се обидуваат да го прошират своето влијание и присуство на Арктикот, Гренланд, богат со минерали и дом на американската воена база, стана многу баран поради неговата безбедносна и трговска важност.
Трамп не го спомна Гренланд во неговото инаугуративно обраќање, и покрај тоа што вети дека ќе го обнови Панамскиот канал, уште една од неговите сегашни територијални опсесии, според светските агенции.
„Луѓето на Гренланд не се задоволни со Данска, знаете, мислам дека тие се задоволни со нас. Имавме претставници, мојот син и претставниците отидоа таму пред две недели, и тие не сакаат. Па ќе видиме што ќе се случи“, додаде Трамп.