Илон Маск се огласи откако се соочи со обвинувања дека извршил нацистички поздрав за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.
За време на прославата на инаугурацијата во арената Capitol One во Вашингтон, Маск, извршниот директор на „Тесла“ и основач на „Спејс Икс“, изведе движења кои наликуваа на нацистички поздрав.
Се чинеше дека е воодушевен од можноста да испрати човек на Марс и да постави американско знаме на таа планета додека удира по градите и ја испружи десната рака кон небото.
„Ви благодарам, моето срце оди кон вас“, рече тој пред да се сврти и да го повтори бизарниот гест кон американското знаме.
Es gibt wirklich nur zwei Optionen.
— Tarek Baé (@Tarek_Bae) January 20, 2025
1. Elon Musk, der angeblich ganz genau weiß, was er tut, hat den Hitlergruß gemacht.
2. Musk ist ein Trottel, der sich nicht zu benehmen und bewegen weiß.
Für Option 1 spricht: Er ist ein Rassist. Für Option 2 spricht: Er ist ein Vollidiot. pic.twitter.com/OXONKeSS7z
Овој потег предизвика контроверзии на интернет, а многумина го опишаа гестот како фашистички поздрав или „необичен“ поздрав.
Новинарката на Си-ен-ен, Кејси Хант рече дека движењето „потсетува на работи што сме ги виделе во историјата“ и „не е нешто што обично го гледате на американските собири“.
Други на Икс го обвинија Маск за „изведување на нацистички поздрав“ и дека тоа е „јасно како ден“, додека други тврдат дека потегот е неодбранлив и не можел да биде случајност бидејќи го направил тоа двапати.
I think folks have forgotten what a "Sieg Heil" from actual Hitler looks like... because it's not the neo-nazi straight in front of you... it's a bit off to their right.
— Don Ford - The People's Strategist - (@DonEford) January 21, 2025
It's exactly what Musk specifically did.
So, he went a bit off to the right two ways.
*This is of course… pic.twitter.com/AVAc4NtgHr
Меѓутоа, во одбрана на Маск застана Anti-Defamation League, организација која се бори против антисемитизмот.
„Се чини дека тој направи незгоден гест во момент на ентузијазам, а не нацистички поздрав, но повторно, ги цениме луѓето што внимаваат на овие работи“, објави организацијата на Икс.
Тие ги повикаа сите политички партии да ги намалат тензиите во „овој деликатен момент“ и да работат заедно кон единство.
Американската конгресменка Александрија Окасио-Кортез возврати на групата со седиште во Њујорк.
This is a delicate moment. It’s a new day and yet so many are on edge. Our politics are inflamed, and social media only adds to the anxiety.
— ADL (@ADL) January 20, 2025
It seems that @elonmusk made an awkward gesture in a moment of enthusiasm, not a Nazi salute, but again, we appreciate that people are on…
„Само за да бидам јасна, вие го браните поздравот Хајл Хитлер кој беше изведен и повторен за нагласување и јасност. Луѓето сега официјално можат да престанат да ве гледаат како кој било релевантен извор на информации. Вие работите за нив. Ви благодариме што им го разјаснивте тоа на сите“, напиша таа.
Маск одговори со коментар велејќи дека Окасио-Кортез „целосно го изгубила умот“.
„Искрено, им требаат подобри валкани трикови. Нападот ‘сите се Хитлер’ е толку истрошен“, напиша тој во продолжение.
She has just 100% lost her marbles 😂
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2025
Frankly, they need better dirty tricks.
— Elon Musk (@elonmusk) January 21, 2025
The “everyone is Hitler” attack is sooo tired 😴 https://t.co/9fIqS5mWA0