Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, велејќи дека националистичките сили, охрабрени со инаугурацијата на Трамп на чело на САД, сега мора да го „окупираат“ Брисел.
„Честитки до претседателот Трамп! Сега е наш ред да блеснеме! Наш ред е да го окупираме Брисел!“, порача Орбан на социјалната мрежа Икс.
Иако Виктор Орбан не отпатува за Вашингтон, тој се сретна со Доналд Трамп три пати минатата година и го поддржува од 2016 година. Двајцата ги обединува истиот презир кон елитите и истата омраза кон имиграцијата, а се согласуваат и за итноста за решавање на конфликтот во Украина, критикувајќи го испраќањето воена помош за Киев.
Congratulations to President @realDonaldTrump on his inauguration as the 47th President of the United States of America!
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) January 20, 2025
Now it’s our turn to shine! It’s our turn to occupy Brussels! pic.twitter.com/PyhfyoyTrP