[ВИДЕО] Вучиќ со обраќање до нацијата: Наместо докторите, тој соопштува кога повредената студентка ќе биде испратена на домашно лекување

Точка

17/01/2025

16:22

1.973

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес на својот Инстаграм профил се огласи во врска со вчерашниот страшен напад на студентка на блокада на улицата Рузвелтова во Белград, кога возач ја покосил на тротоар, по што таа се здобила со тешки повреди. Вучиќ им се обрати на граѓаните по повод утринскиот упад на опозициските пратеници и советници во Градското собрание во Нови Сад, каде дошло до тепачка со полицијата.

„Денес имаме неколку добри вести и неколку работи кои се загрижувачки, но со кои државата ќе излезе на крај. Добрата вест е што верувам дека дамата, госпоѓата од Нови Сад добро закрепнува, а уште подобра вест и важна вест е дека детето, девојчето, девојката од 18 години која вчера беше повредена во страшниот инцидент на улицата Рузвелтова закрепнува многу добро и веќе во понеделник ќе биде во својот дом со родителите. Тоа се многу добри вести“, го започна своето обраќање претседателот во видеото на неговиот официјален Инстаграм профил.

Лошата вест, додава тој, е што „неодговорните и несериозни политичари, не сакајќи да ја слушнат жалбата и молбата и не сакајќи да го слушнат и почитуваат словото на законот, брутално ги погазија законите на Република Србија, ги опструираа функционерите во вршење службена работа и упаднаа во Градското собрание на Нови Сад“.


„Ниту им е местото таму, ниту тоа е Градското собрание, тоа е местото каде што седи градоначалникот. Никој од нив не е градоначалник. Претпоставувам целта била да се спречат луѓето да си ја вршат работата, аваквото насилство и ваквото брутално насилство организирано од опозициските партии е нешто што е неприфатливо. Се разбира, државата реагираше и ги избрка надвор, како што секогаш ќе прави, бидејќи во Србија власта ќе се добие само на избори“, продолжи Вучиќ и потоа додаде:

„Ги замолувам сите граѓани на Србија уште еднаш да не предизвикуваат и провоцираат дополнителни тензии. Да не се обидуваат да дојдат и да ги „грабнат“ фотелјите со помош на странски фактор, бидејќи не можат поинаку. Затоа што нашата работа е многу едноставна – секогаш ќе ја почитуваме волјата на народот и демократијата, можеби не е идеална, но е најдобрата форма на политичко организирање што постои. Затоа секаде и на секое место ќе ги запреме оние кои мислат на насилството како основна алатка во политиката и кои мислат дека можат да ги тепаат своите сограѓани и кои мислат дека можат да уништуваат било чии простории“.

Тој порача дека државата ќе продолжи да ја работи својата работа и да ги зачува мирот и стабилноста.

За потсетување, новосадската опозиција утрово упадна во градското собрание на Нови Сад. Покраинскиот пратеник Радивоје Јововиќ рече дека на овој начин го прекинале генералниот штрајк и дека ќе ја блокираат работата на овие институции додека не се исполнат барањата на студентите. Меѓутоа, набрзо полицијата упаднала во зградата на Градското собрание преку прозорец и ги исфрлила од зградата. Во таа прилика настанала и тепачка.