Венс: Би бил шокиран доколку Трамп сака да го премести нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Макфакс

14/03/2025

09:21

1.010

Големина на фонт

а а а

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да го придвижи понатаму на исток во Европа.

Венс одговараше на прашање во врска со изјавата на полскиот претседател дека САД треба да пренесат нуклеарно оружје на нивната територија како средство за одвраќање од идната руска агресија. „Не сум разговарал со претседателот за тоа конкретно прашање, но би бил шокиран ако тој го поддржи ширењето на нуклеарното оружје понатаму на исток во Европа“, рече тој за време на интервјуто за Фокс њуз.


Анджеј Дуда ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како средство за одвраќање од идната руска агресија, нешто за што неодамна разговарал со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, објави вчера Фајненшл Тајмс.

„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно. Би било побезбедно ако тоа оружје веќе е во земјата“, ги цитира ФТ зборовите на Анджеј Дуда.