Се враќа „Грдата Бети“? Ѕвездата на серијата потврди: „Сите го посакуваме тоа“

Точка

17/01/2025

14:39

987

Големина на фонт

а а а

Ана Ортиз, позната по улогата на Хилда Суарез во популарната серија „Грдата Бети“, откри дека членовите на актерската екипа и понатаму се исклучително блиски и поврзани и дека постои голема желба за повторно обединување. Серијата, која се емитуваше од 2006 до 2010 година, ги освои гледачите ширум светот со топлата приказна за Бети Суарез (Америка Ферера) и нејзината авантура во светот на модата.

Ана Ортиз, која неодамна се појави во емисијата „Watch What Happens Live“ со Енди Коен, оптимистички одговори на прашањето на еден обожавател за можното обединување.


„Имаше толку многу разговори околу тоа. Редовно се слушам со Мајкл Ури а Марк Инделикато го гледам речиси секојдневно. Америка Ферера е кума на мојот син, а сопругот Џудит Лајт е неговиот кум. Сите сме многу блиски и навистина би сакале повторно да се обединиме“, рече Ортиз.


Ова не е прв пат некој од членовите на екипата да изрази желба за враќање на серијата. Америка Ферера уште во 2023 година изјави дека би сакала да учествува во повторното снимање на серијата, иако призна дека тоа би можело да биде логистички предизвик. Ерик Мабиус, кој го играше Даниел Мид, исто така во 2021 година спомна дека се разговара околу нешто: „Серијата ненадејно заврши, а сите се чувствувавме како да не сме ги раскажале сите приказни кои требаше да бидат раскажани“.

Покрај тоа што ги освои срцата на гледачите, серијата доби и бројни пофалби за револуционерното претставување на латиноамериканската заедница и ЛГБТК+ темите. Приказната за Бети, нејзината борба со предрасудите и самодовербата беше инспирација за многумина. Но, крајот на серијата остави многу прашања неодговорени, како на пример дали Бети и Даниел ќе завршат заедно.