[ФОТО] Африкански остров: Најдобра светска дестинација за меден месец

Точка

14/01/2025

17:04

996

Големина на фонт

а а а

Според новата листа на „TripAdvisor“, африканскиот остров Маурициус е идеален избор и најдобра дестинација за меден месец.

Новите податоци на „TripAdvisor“ вклучуваат списоци на најдобри локации за соло патување, најдобри културни дестинации, како и дестинации во тренд.



Исто така опфатени се и најдобрите светски локации за меден месец. На врвот на листата на светски дестинации идеални за меден месец е африканскиот остров Маурициус, кој се карактеризира со пријатната тропска клима.



Главната локација на овој остров е Порт Луис, познат по романтичните плажи, чистата и бистра вода. Маурициус го освои ова признание поради привлечноста на островот за паровите кои бараат романтичен одмор од соништата, а на второто место на листата се наоѓа Бали, додека Малдиви на третото, по што следуваат Хои Ан, Пукет, Санторини, Занзибар, Фиренца, Ла Фортуна де Сан Карлос и Св. Луција.


Потсетуваме, според „World Travel Awards“, Бали ја освои титулата најромантична дестинација за 2024 година. Ова признание ја истакнува трајната привлечност на островот, освојувајќи ги срцата на патниците ширум светот, особено на паровите кои бараат незаборавно романтично бегство.

Признанието ја истакнува не само живописната убавина на Бали, туку и неговото длабоко културно наследство и гостопримството кое ја прави секоја посета незаборавна. Меѓу номинираните, на врвот на оваа листа се најде и Маурициус.