[ВИДЕО] Напад со украински дрон во Русија: Голем пожар избувна во складиште за течен гас во близина на хемиска фабрика

Макфакс

14/01/2025

10:19

538

Големина на фонт

а а а

Голем пожар е предизвикан денеска од напад на украинско беспилотно летало врз енергетски објект во Казан, Русија, соопштија локалните власти.

Во предградието на Казан, главниот град на руската република Татарстан, „цистерна со гас се запали по напад со дрон“, соопшти локалната власт преку Телеграма.

Во соопштението се вели дека нема повредени и дека претседателот на Татарстан Рустам Миниханов дошол да го посети местото на пожарот.

Локалните медиуми објавија снимка од голем пожар во складиште за течен гас во близина на хемиска фабрика.

Киев и Москва ги засилија своите напади во последните месеци пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на 20 јануари, откако новоизбраниот претседател на САД ја објави својата намера веднаш да ја прекине војната по преземањето на функцијата.

Украина редовно напаѓа воени цели и енергетски локации во Русија како одговор на нападите на Москва на нејзина територија од 2022 година.